Ослабете без гладување: Овој напиток ќе ви ги стопи мастите на стомакот, направен е од 2 состојки кои ги имате дома
Постои лесен начин брзо да се ослободите од салото од стомакот, без напорни диети и гладување.
Никој не сака да гладува. Но, кога сакате да изгубите некој килограм вишок, треба да внимавате на исхраната и вежбањето. За да ја достигнете саканата тежина, покрај сето тоа испијте го овој природен напиток кој може многу да помогне во слабеењето. Жените кои го пиеле се колнат дека делува, иако не постои студија која докажала дека оваа комбинација помага за слабеење.
Ги согорува масните наслаги
Комбинацијата од цимет и мед го регулира варењето, ги согорува мастите и го забрзува метаболизмот, што помага во слабеењето. Циметот ја ублажува потребата за слатки и го намалува апетитот бидејќи природно го регулира нивото на инсулин.
Како да направите напивка
Ставете шолја вода (250 ml) да се загрее до точка на вриење, но не смее да зоврие, бидејќи циметот ќе ги изгуби својствата во топла вода. Во шолја ставете 1 лажичка цимет и прелијте ја со вода. Добро измешајте да се растопи. Оставете да се излади 20 минути. Во млаката течност додадете 2 лажички мед и промешајте.
Кога да се пие пијалакот?
Најдобро е да пиете пијалак од цимет и мед пред појадок и пред спиење. Пијте половина шолја наутро на празен стомак, а другата половина навечер, половина час пред спиење.
Напомена: Пред да го консумирате овој напиток, консултирајте се со нутриционист или лекар.
Фото:Фрипик