ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ДЕПРЕСИЈАТА: Таа ќе ви го помати помнењето
Луѓето кои страдаат од депресија може да имаат проблеми со разликување на слични спомени, покажало ново истражување. Таа може да предизвика бројни проблеми, вклучувајќи и недостаток на сон и високо ниво на стрес.
Истражувачите од Универзитетот Бригам Јанг во Јута истражиле дали постои врска помеѓу депресија и проблем со помнењето.
Проблемот со помнењето и мешање спомени настанува кога личноста не е во состојба да прифати нови информации поради претходни мсили или спомени. Професорите Доналд Шелтон и Брок Криван направиле тест на 89 возрасни лица.
Учесниците морале да бидат оценети според нивните аспекти кон животот, нивото на анксиозност и депресија. Тие го евидентирале и квалитетот на сонот и колку вежбаат.
Истражувачите забележале дека депресивните лица имале полоши резултати на вторите тестови. На екраните им биле презентирани познати и непознати предмети. Личностите со депресија имале проблем да разликуваат слични објекти, пренеува Индепендент.
Стручњаците велат дека е важно да се знае дека тоа не значи дека страдаат од амнезија, туку станува збор за недостаток од помнењето како резултат од лошото ментално здравје.
Научниците се надеваат дека резултатите ќе помогнат во пронаѓањето на подобра терапија за лица кои страдаат од депресија.