Останаа без три деца, а нивната порака го остави убиецот без зборови: Болката не стивнува но... (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Дени и Лејла Абдала се од Либан. Оваа брачна двојка загуби три од нивните шест деца во трагична несреќа во Сиднеј пред повеќе од година и половина. Нив ги удрил млад возач под дејство на алкохол и дрога.

Беше 1 февруари 2020 година. Топла неделна вечер во Сиднеј. Младиот пијан Самуел Дејвидсон, под дејство на кокаин и други дроги, излетал со камион од улицата и се качил на тротоарот додека по него оделе неколку деца на возраст од околу 13 години. Заминале да си купат сладолед.

Четворица загинале на самото место, додека тројца биле тешко повредени. Еден од нив имал тешко оштетување на мозокот. Самуел бил неповреден.

Дени и Лејла Абдала проговорија за шокот што го почувствувале таа вечер кога добиле повик за трагедијата. Кога пристигнале во болницата, ги пречекале четворица свештеници кои објавиле дека нивните три деца и нивната внука се мртви.

„Она што го видовме беше незамисливо“, се сеќава Дени. „Кога ги видов, сфатив дека морам да му го предадам животот на Бога. Понекогаш во филмовите можете да видите како душата го напушта телото и набљудува сè од птичја перспектива. Тоа беше чувството. Бев потресен и само се обидував да направам сè што можам за да помогнам“, додаде тој.

Од здобиените повреди починаа нивните деца: Антони (13), Анџелина (12), Сиена (9) и нивната братучетка Вероника (11).

Тие ја шокираа австралиската јавност кога решија јавно да му простат на човекот кој уби три нивни деца

Страдањето и неможноста да се помират со загубата жестоко се бореле кај родителите на овие деца. Сепак, Дени и Лејла се христијани и знаат дека сè во Христос има смисла, колку и да ни изгледа неразбирливо. Во извесна смисла, тие се подготвуваа за такво страшно искуство, секогаш сфаќајќи дека без вера во Христа ништо не може да им помогне да ги издржат животните пресврти.

„Простувањето е нешто што треба да го практикувате цел живот. На крајот на краиштата, да можеш да простиш е нешто возвишено“, објасни таа, додавајќи дека нејзината вера ја зајакнала нејзината одлука.

„Ако Исус може да ми прости, тогаш секако дека можам да му простам и на возачот. Ако Тој умре на крстот за мене, тогаш секако дека можам да се молам за тој возач. Нашето христијанство, нашата вера ме наведоа да му простам“.

Тие го направија тоа за нивно добро, за доброто на нивните семејства. Тие дури и шокираа со својот премиер. 

И покрај огромната болка, Абала не го мразеа возачот кој беше осуден на 21 година затвор. Ми беше жал за него, изјави Дени. „Се молам за него. Ѓаволот го користеше како негова марионета“.


Фото:screesnhtot