Осум начини како да станете попозитивна личност

Добивај вести на Viber

Меѓу работата, ангажманите, стресот, семејните одговорности, јавните немири, понекогаш е тешко да се остане позитивен. Сепак, постојат неколку едноставни техники кои можете да ги примените за да избегнете паѓање во замката на негативизам. 

Сепак, може да го избегнете на овие начини негативното мислење...

1. Водете дневник, каде што секоја вечер ќе запишувате три добри или пријатни работи што ви се случиле во текот на денот.

2. Давајте им комплименти на луѓето. Вие исто така ќе се чувствувате добро правејќи го тоа.

3. Спортувајте. Ова помага не само за вашето физичко, туку и за вашето ментално здравје.

4. Научете да не им давате премногу значење на помали проблеми. 

5. Подарувајте си мали нешта секој ден. Не мора да бидат материјално. На пример, може да биде време само за да ја направите вашата омилена активност.

6. Фокусирајте се на она што се случува денес, а не на минатото.

7. Немојте да бидете премногу самокритички. Така самите себеси се уништувате.

8. Одморете од социјалните мрежи. Тие можат да бидат многу напорни, а студиите докажаа дека придонесуваат за депресија.