Отец Предраг ги открива главните причини за распад на бракот: Жените не се ни свесни за фаталните грешки кои ги прават
Отец Предраг зборува за главните причини поради кои се
распаѓаат браковите, а сигурни сме дека многу дами ќе се сложат со неговото
мислење.
Врската помеѓу маж и жена е неисцрпен извор на теми за дискусија и не е ни чудо што ја носи титулата за најкомплицирана. Имено, денес браковите и врските пукаат со неверојатна брзина, а вистинските семејни вредности се надминати со материјализмот. Токму зборовите на отец Предраг Поповиќ ги отрезнуваат и ставаат во фокус заборавените факти, кои се од пресудна важност за среќен и исполнет заеднички живот на сопружниците.
Свештеникот зборуваше за главните причини поради кои се распаѓаат браковите, а сигурни сме дека многу дами ќе се сложат со неговото гледиште.
- Ако жената види дека знаеш што сакаш во животот, дека имаш насока, нема потреба да бидеш убав, ќе ја привлечеш. Не ти треба скап автомобил, со такви коли знаеш што ќе привлечеш. Жената бара сигурност, кога имаш правец во животот, тогаш знае дека може да смета на тебе и дека ќе и бидеш поддршка, а таа ќе биде твоја поддршка. Таа тогаш знае дека може да биде ваш патник, копилот – рече Поповиќ.
Отец Предраг посебно нагласува дека мажите прават фатална грешка кога сите одлуки ги препуштаат на жената.
- Таа му пријде, тој беше срамежлив, тој се согласи, се забавуваат, таа вели оди лево, тој замина, таа прашува што сакаат да јадат, тој и ги остава сите одлуки на неа. Доаѓа бракот, тој ја чека нејзината команда и тогаш добиваш жена која е фрустрирана. Жените потоа доаѓаат кај мене кога ќе се венчаат и се жалат дека нивните сопрузи им оставиле се‘ и се кријат зад нив, но тогаш е предоцна. Или девојка која гледа дека нејзиниот дечко е насилен, дека сака да тепа други, а потоа се жалат од нив во бракот дека се насилници. Сето тоа се гледа и пред брак - објаснува свештеникот.
Исто така, тој смета дека бракот е исклучително важен за развој на здраво и функционално семејство.
- Не ми се допаѓа и тоа што многумина живеат во вонбрачни заедници. Имаат деца, а таму пишува дека се родени вонбрачно. Како хартијата не е важна, така е важна. Тоа е завет пред Бога – заклучува тој.
Фото: Youtube - screenshoot