Отец Тадеј за погрешното воспитување на децата: „Добро е што не ве тепа, инаку кога ќе порасне ќе го добиете и тоа“

Добивај вести на Viber

Отец Тадеј особено зборуваше за оваа чувствителна тема, а она што имаше да го каже крие голема мудрост

Големиот предизвик на родителството е воспитувањето на децата. Секое дете е индивидуа само по себе и затоа треба да му се пристапи на индивидуален начин. Многумина со најдобри намери прават кардинални грешки во воспитувањето.

Тажно е што повеќето родители ги обвинуваат своите деца за грешки во однесувањето и не сфаќаат дека тие, како возрасни, се одговорни за однесувањето на своето дете. Постојат посебни правила со кои можеме да го претвориме детето во вистинска личност која ќе ни служи во староста.

„Таткото и мајката имаат голема моќ над децата, што и да мислат родителите, така ќе биде и за децата. Со денешните деца е многу тешко. Тие се уништени и кај нас и во целиот свет. Еден старец вели сега децата ни се како слепи глувци: ноќе талкаат, а дење спијат“.

А духовите под небото си го прават своето, сакаат целосно да ја уништат младоста, да ги направат како роботи. Да не мислат со своја глава, туку како што ќе им е диктирано.

Оние на мои години знаат какви биле луѓето помеѓу Првата и Втората светска војна. И тогаш имаше разлика, но сега овој свет како да излегол од пеколот. Како да не е роден на земјата, човече. Изгубени сме.

Родителите треба да им покажат на своите деца многу вистинска љубов и разбирање.

Ми пиша докторка од Битола, таа и нејзиниот сопруг се доктори и имаат само еден син. Се запишал на факултет, но нема да учи, нема да слуша. И трите автомобили што му ги купиле родителите ги удрил. Мајката вели: „Фала богу што остана жив, сега немаме заштеда да купиме нешто, па кога ќе дојдеме од работа го фаќа татко му за гуша и бара пари, не знеме што да направиме!"

Што да ѝ пишам? Реков, не обвинувај никого што вашето дете е такво, сами сте криви. Трпете. Сакавте само едно дете, па правевте се‘ по негова волја, па морате и отсега така. Така сте го научиле.

Ако мислите дека имате дете, постапете според неговата волја, но разумно. Кога било мало, неговите желби биле мали. Сега пораснало, сега има многу желби и тоа големи, така сте го научиле. Ако имате намера да имате дете, вака стојат работите. Тоа ќе бара да задоволи големи желби, а добро е што не ве тепа, инаку кога ќе порасне ќе го добиете и тоа. Тоа ќе ви биде камата за тоа како сте го воспитале како дете.

Тешки се времињата, слава на Бога“, рече отец Тадеј.



Фото и Видео: Youtube

Извор: Книга - Knjiga - "Starac Tadej: O braku, rasuđivanju i pažnji"

Отец Тадеј одамна сфати: Еве кога и зошто на човекот му доаѓа болест и како да се заштитиме