Отидов на елитна забава: Вратите се затворија во 11 часот, сите се соблековме а потоа...
Новинарка од
медиумот „MarieClaire“ во целост пренесува што се случува на приватните елитни
забави во Лондон каде била повикана како гостин. Она што го доживеала таа
ноќ ќе го памети засекогаш. Со оглед дека нејзиното искуство стана вирално, и ние ви го
пренесуваме во целост.
- Ден пред забавата, добив мејл со адресата каде ќе се одржи, заедно со правилата што ќе важат таму. Ова беше мојата прва секс забава. Сексот со странци, особено многу од нив, не е нешто што ме привлекува. Но, сакав да искусам нешто ново, па кога еден пријател од Лондон ми го предложи додека бев на гости кај него да бидам и јас гостин, се согласив. Сакав да видам како точно изгледа.
Сето ова се случуваше во еден елитен лондонски клуб чија клиентела е сексуалната елита од целиот свет. Доколку сакате да бидете дел од една ваква забава, прво треба да се регистрирате преку нивната страница, да ги прикачите вашите фотографии и вашата кратка биографија. Дури кога ќе ве проверат темелно, одлучуваат дали сте прифатени, бидејќи организаторите сакаат да бидат сигурни дека се ќе биде според прописите и дека сите ќе бидат безбедни.
ПРАВИЛА
Правилата што ми беа дадени беа следни: Мажите не смеат да им приоѓаат на жените. Тие не смеат сами да влезат во собите за „играње“ или да се задржуваат ако останат сами. Тие секогаш треба да чекаат да бидат повикани. Секој мора да се однесува со секого со почит. Не значи не, без да прашам или разјасниме. Нема телефони или фотографија. Секој мора да има маски. Без озборувања. Се што се случува во клубот останува во клубот.
Вратите се отвораат во девет навечер. Жените пристигнуваат во балски фустани, а мажите во костуми. Мобилните телефони се оставаат веднаш на влезот.
Од 9 до 11 часот гостите се запознаваат и се дружат. Во 11 вратата се затвора и никој не може да влезе. Тогаш луѓето можат да ги соблечат маските и облеката и да почнат да играат. За жените тоа е прилично тешко бидејќи мажите се во друштво со други жени, па не знаете дали воопшто сакаат да им пријдете. Јас не знаев дали треба само да седнам и да земам секси поза и да чекам некој да ми пријде или веднаш да тргнам во напад? И што да кажам? „Извинете, дали сте расположени за секс?“. Покрај сето тоа, носев тешка и голема маска од Венеција, која ми го отежнуваше дишењето и едвај гледав, па се сопнав низ масите .
Влегов во една од малите соби и гледам купи раце, нозе, гради и интимни делови, па не можев ни да претпоставам колку луѓе има на купот.
Претпоставував дека измина 11 часот, па решив да се соблечам и да ја тргнам маската. Купив специјална секси долна облека за таа пригода и бев возбудена што ќе ја покажам. Мојата пријателка Никол исто така го соблече фустанот и веднаш ми пријде жена со неверојатен задник која ми кажа дека мојата долна облека е многу убава. Нејзиниот придружник се согласи со неа. По ова ми стана јасно како оди процедурата - ред комплименти, малку флерт и се е готово.
Додека јас и Никол се движевме со нашите нови „пријатели“ по спиралните скали, слушнавме малку бас, но без мелодија. Влеговме во просторијата и видовме само куп голи тела на огромен кревет. И се чини дека штом седнеш таму автоматски се согласуваш на секс бидејќи сите допираат се околу себе, без да гледаат. Не видов некој да негодува, ниту пак некој да е пар. Колку повеќе гледав, толку повеќе сфаќав дека гледам еден куп луѓе кои механички водат љубов, без контакт со очи или зборови.
Секој со секого се допираше без да се погледне во очи. Таму имаше секс секој со секого без да има било каква комуникација, дури повеќе интеракција имаш со некој кој случајно ќе го сретнеш во јавен превоз.
Само ние четворицата во тој момент не водиме љубов со никого. И се потсетив на баба ми дека би го имала истиот израз на лицето доколку за чудо се најде во ваква ситуација. Во еден момент заспав од пијанство и досада. Кога се разбудив и погледав наоколу сите околу мене сè уште водаеа љубов.
Околу два часот по полноќ вистинската забава штотуку започна, но ние се подготвивме да си заминеме. Отидовме да се забавуваме со пријателите, а јас потајно размислував дали да се вратам на забавата.
И од се, се сеќавам само на една сцена што најмногу ми се допадна. Многу згодна русокоса е во однос со подеднакво згоден темен маж со долга кадрава коса водат љубов. Тој е на колена на креветот, а неговата бела кошула беше откопчана. Таа беше легната на грб толку свиткана надоле на самиот раб што нејзината коса се влечеше по подот додека тој ритмички ја задоволуваше. Подоцна повторно го видов покрај каминот, правеше се идентично како и првиот пат но со друга девојка. Како да се работеше за некој ритуал, напиша на самиот крај новинарката.
Фото: Freepik