Постковидни проблеми: Лекар откри нови последици од Ковид - 19

Добивај вести на Viber

Губењето на косата што го гледаме кај пациенти со постковид-19, е од типот на телоген ефлувиум, сложена состојба што може да влијае на 50 проценти од косата, тврди лекарката.

- Се повеќе жени и мажи, во третиот или четвртиот месец по прележувањето на коронавирусот, во периодот на опоравување, почнуваат да се жалат на ненадејно, дифузно опаѓање на косата, што тие го опишуваат како вознемирувачко и психолошки стресно, бидејќи секој ден гледаат „полна тупаница“ или „топка“ падната коса, најчесто по чешлање или миење на косата. Косата секојдневно се повеќе и повеќе слабее. Тие се исплашени бидејќи сметаат дека на крајот ќе ја изгубат косата - вели проф. Д-р Лилjана Меденица.

Може да се изгуби до 700 влакна на ден

- Обично се јавува три или четири месеци по инфекцијата со ковид-19, а може да влијае и на 50 проценти од косата. Може да изгубите 150 до 700 влакна на ден. Губење на косата трае два или три месеци. За среќа, овој процес е реверзибилен, косата се обновува спонтано, полека и постепено во текот на следните неколку, обично шест месеци. Со продолжен психолошки стрес, реставрацијата на косата може да трае многу подолго од шест месеци.

Нема специфична терапија, крвната плазма може да помогне

Според лекарката, ваквото дифузно и реверзибилно опаѓање на косата понекогаш се забележува кај луѓето после болести и операции, високо фебрилни состојби, силен психолошки стрес, екстремни диети за слабеење, породување, лица со намалена функција на тироидната жлезда, намалено ниво на железо или витамин Д во телото.

- Не постои специфична терапија за овој вид на опаѓање на косата, имајќи предвид дека процесот е реверзибилен, се очекува спонтан раст на косата. Сепак, примената на методот PRP (плазма збогатена со тромбоцити) може да го забрза процесот на раст на косата.


Извор:srbijadanas

Можеби ќе ве интересира:

Од страв спиев седечки, бебето преку стакло си го галев: Искрена приказна на скопјанка која го прележа коронавирусот