Oткако не ни успеа четвртото ин витро, размислувавме да посвоиме дете: Гоца Тржан по петти пат се обидува да забремени
„Секогаш кога ќе ми кажат дека вонтелесното не успеало, се прашувам зошто го правам ова...“
Популарната пејачка вели дека за неа и нејзиниот сопруг, борбата за потомство е проследена со тешки маки и притисок.
Поп-пејачката Гоца Тржан е горда мајка на петнаесетгодишната Лена, а со години се обидува да се оствари по втор пат во улогата на мајка.
Со сопругот Радомир Раша Новаковиќ фантазира за уште едно дете и со години е во процес на ин витро оплодување, и не крие колку е тешко по секој нејзин неуспешен обид.
-Секогаш кога ќе ми кажат дека вонтелесното не успеало и дека не сум забременила, паѓам во депресија. И тогаш се прашувам: "Зошто го правам ова?" и секој пат се обидувам да го најдам одговорот и сила да одам понатаму. Затоа што ќе вреди ако успеам! Јас црпам сила од љубовта кон животот. Се опкружувам со сакани луѓе, добри книги и музика - изјави Гоца за Информер. Таа истакна дека нејзината тешка битка значително влијае на тоа како се чувствува, но не само физички.
- Борбата за потомство звучи благородно, но всушност се работи за тешки маки и притисок. Воопшто не е лесно да се издржи хормонската терапија. Еден месец се чувствувам како да сум луда и имам биполарно растројство, нерасположена сум... Стомакот ми отекува затоа што задржувам вода. Ма мозокот ми отекува! - признава пејачката.
Како сè ова да не е доволно тешко, Гоца потоа се соочува со преиспитување на околината и покрај тоа што ова е болна и деликатна тема.
- А потоа после сè што поминувам, следува неизбежното прашање: „Дали успеавте со ин витро оплодувањето? Ајде, веќе, преку глава ми е да одговарам на вакви прашања, бидејќи мојата интимност е многу чувствителна - објасни пејачката.
Таа посочува дека сака да има дете со мажот на нејзиниот живот, инаку во првиот брак ја добила ќерката Лена, но истакнува дека многу сака потомство од Раша.
- Сакам бебе со мажот кој искрено го сакам, кој е внимателен, паметен и во кој имам доверба... Тоа не е толку негова потреба колку што е моја - вели Гоца.
Таа откри и дека откако не ѝ успеало четвртото ин витро, размислувала да посвои дете, но тоа не било можно поради важечките закони. Имено, таа во јули ќе го прослави својот 48 роденден, а според законот во Србија не може да посвои новороденче бидејќи разликата меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде повеќе од 45 години.
- Постапката за посвојување деца е морничава бидејќи мора да се исполнат различни барања, а има и одредени ограничувања. Мора две-три години да собираш хартии и да се бориш со глупости. Разговарав со Сергеј Ќетковиќ, кој ги посвои своите ќерки и кој ќе се обиде да направи нешто за да ги забрза тие процедури. Бидејќи не можеме да посвоиме бебе, јас и Раша се договоривме да избереме дете на кое финансиски ќе му помогнеме - истакна Гоца.
извор:GLOSSY
Борбата трае 10 години: Гоца Тржан детално го опиша вонтелесното оплодување, ѝ велеле да молчи, а откри и колку пари дале досега