Откри детали колку страда поради разводот: Овие зборови се појавија на профилот на Драгана Мирковиќ - „ Знам дека имам концерт, во соба сум, седам и плачам“
По 24 години брак, музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ одлучија да се разведат со заедничка согласност, иако таа призна дека се разделиле пред три години, па се уште се зборува и пишува за тоа.
Драгана во последно време е многу активна на мрежите, а сите ги изненади со објава на својот Фејсбук профил.
Имено, Драгана на своите следбеници им откри дека последниот период од животот и бил многу тежок и дека често плачела, но дека сепак морала да ги одржи закажаните концерти.
„Имав тежок период во мојот живот и тоа беше неодама. Знам дека имам концерт, во соба сум, седам и плачам, ги бришам солзите, излегувам на сцена и одржувам концерт. Сè завршувам со насмевка. Доаѓам и се враќам во соба - повторно истата приказна. Но запомнете, кога ви е најтешко, тогаш бидете храбри и борете се. Разбудете го вашиот инает и верувајте дека ќе победите“ – напиша неодамна Драгана на својот Фејсбук профил, додека оваа објава малку подоцна беше избришана од профилот на пејачката.
Крај на бракот кој траеше по повеќе од две децении
Да потсетиме, Драгана и се обрати на јавноста и објави дека се разведува по повеќе од две децении брак.
„Како некој кој целиот свој живот го заснова на чесност, чувствувам морална обврска денеска да и се обратам на целата јавност. Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод. Мојот однос со Тони веќе подолг период не е она што беше, а последните три години практично водевме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, заради благосостојбата на моето семејство и поради тоа што бев така воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана се поголем и сфатив дека повеќе им штетиме на нашите сакани со тоа што остануваме принудени во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање крај на нашиот брак. Јас секако останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика, и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години“, објави пејачката.
Фото: ИнстаграмИзвор:Blic.rs