Откриен нов лек за коронавирус: Го запира ширењето на вирусот за 24 часа!

Добивај вести на Viber

Научниците открија нов лек за вирусот ковид-19!

Антивирусниот лек „Молнупиравир“ во текот на 24 часа целосно го запре ширењето на коронавирусот за време на тестирање на цицачи, објавија научниците по истражувањето!

Научниците, вклучително и оние од Универзитетот во Џорџија, претходно открија дека лекот - познат како МК-4482 / ЕИДД-2801 - исто така штити и од грип.

Во новата студија објавена во списанието „Природна микробиологија“, научниците го тестирале влијанието на овој лек врз коронавирусот со тестирање дали ќе спречи ширење на вирусот кај заразените творови.

"Ова е прва студија за орален лек што го блокира пренесувањето на САРС-КоВ-2. Лекот МК-4482 / ЕИДД-2801 може целосно да промени сè", изјави коавторот на студијата Ричард Племпер.

Експертите сметаат дека овој лек може да помогне и да го запре ширењето се додека не постои можност за масовна вакцинација.

„Претходно откривме дека МК-4482 / EIDD-2801 делува на респираторни РНК вируси и дека лекувањето на заразени животни со орален лек го намалува ослободувањето на заразни честички, драстично го намалува ризикот од пренесување“, рече Племпер. „Овие својства го прават овој лек моќен кандидат за фармаколошка контрола на ковид-19“, заклучи тој.

Веста за откривањето на новиот лек беше објавена и на официјалната веб-страница на Универзитетот во Џорџија, каде што беше направено истражувањето.


Извор: mondo.rs

Можеби ќе ве интересира:

Вирусолог д-р Глигиќ: Досегашните вакцини не даваат долгорочен имунитет, направени се само за што побрзо да ја запрат пандемијата