Откриено е сѐ: Еве што ѝ кажал Новак на Кејт Мидлтон на Вимблдон, бил посебно внимателен
Вимблдон 2024 сѐ уште е на насловните страници, а еве зошто сите зборуваат за Новак и Кејт
Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон загуби од Карлос Алкараз со 6:2, 6:2, 7:6 и не успеа да го освои 25-тиот Грен слем.
Пехарот традиционално го врачи принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, чиј изглед предизвика општ ентузијазам и овации.
Ова беше втор јавен настан што принцезата го прави по операцијата на која беше подложена во јануари. Новак за тамошните медиуми откри за што разговарал со принцезата кога таа му го подала пехарот.
- Ѝ кажав дека ми е драго што ја гледам во добра состојба, тоа е многу важно за земјата, за кралското семејство. Тие многу го поддржуваат овој турнир, нејзината сестра долго време игра тенис и имаат многу почит и ја ценат играта, ја разбираат. Одлично е што имате толкава поддршка од кралското семејство – изјави тенискиот ас.
Кејт Мидлтон го следеше натпреварот од главната ложа во придружба на принцезата Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон.
Иако многумина се сомневаа дека тоа ќе се случи на финалето, како и секоја година не изостана присуството на Кејт Мидлтон.
Таа, меѓу другото, е и покровител на „All England Lawn Tennis and Golf Club“, на чии терени се одржува тенискиот меч.
Принцезата блескаше во виолетов фустан со широка насмевка на лицето.
Сите кои го гледаа натпреварот се согласија дека Кејт изгледа подобро од кога било и со нетрпение го очекуваат нејзиното враќање на секојдневните обврски што веруваме дека ќе биде наскоро.
Извор: gloria.rs