Откриено што пишува во тестаментот на Тина Тарнер: Најголемиот дел од богатството ќе му припадне нему

Добивај вести на Viber

Кралицата на рок & ролот Тина Тарнер која по долго боледување почина на 83 годишна возраст, најголемиот дел од богатството му го остави на сопругот со кој е во брак од 2013 година. Од она што досега е познато, половина од 250-те милиони долари ќе му припаднат на Ервин Бах, со кого ги помина последните четириесет години.

Како што пренесуваат странските медиуми, наводно, 50 проценти од богатството ќе му припаднат на сопругот а остатокот на децата. Вилата во која живееше, иако се шпекулиаше дека сакаат да ја купат неколку познати личности, најверојатно ќе стане музеј.

За сега останува остатокот богатството да и припадне на Африда, која беше сопруга на едниот син Рони Тарнер кој почина во 2022 година од рак.

Останатите два сина од бракот кој го имаше со првиот сопруг Ајк Тарнер а кои ги посвои најверојатно нема да добијат ништо, бидејќи со години немаше контакт со нив.


Фото:Tinaturner/facebook