„Oтсекогаш сакав да се омажам богато, и еве како успеав“: Ова е ваш потсетник да не гледате мажи без пари

Добивај вести на Viber

Богата домаќинка, мажена за милијардер, даде увид во нејзиниот раскошен и луксузен начин на живот. Софија Кралов откри дека иако може да живее во луксуз, благодарение на парите на нејзиниот сопруг, тој има и некои строги правила кои таа треба да ги почитува.

Жената која не работи, но е „модерна домаќинка“, често споделува со светот каков е нејзиниот живот преку видеата објавени на нејзините социјални мрежи. Таа собра огромен број обожаватели и има речиси 130.000 следбеници на TikTok.

Софија, чиј сопруг поседува „империја на парфеми од светска класа“, верува во „манифестација“ и тврди дека така дошла кај нејзиниот сопруг.

- Живеам во мојот манифестиран свет на соништата каде се што сакам се остварува, рече таа.

@sofiakralow Follow @sofiakralow to learn the secrets of attracting this lifestyle  #claim #goals #manifest #millionaire #relationship #sugardaddy #foryou #sofiakralow Skenny beatz -


Мажот има правила кои таа мора да ги следи

Домаќинката која живее со сопругот во Дубаи сподели и некои правила кои нејзиниот сопруг ги има за неа. Прво, таа никогаш не смее да готви или да ја чисти својата куќа.

- Тоа е работа за собарка, рекла таа.

Таа додаде дека никаде не смее да вози сама и дека мора да користи личен возач или да ја вози сопругот.

Таа додаде дека не смее да ги троши сопствените пари.

-Можам да ги користам само неговите кредитни картички, вели таа.

На крајот, Софија објасни дека не смее сама да се шминка и дека тоа мора да го направат професионалци. И покрај строгите правила, на Софија не ѝ пречи да мора да ги почитува.

- Понекогаш е убаво чувството да се игра по некои правила, додава таа.

@sofiakralow Follow @sofiakralow to attract a rich man  #fyp #relationship #sugardaddy #princesstreatmentonly #richhusband Skenny beatz -


Интернетот е поделен

TikTok видеата на Софија се хит меѓу корисниците на социјалните мрежи, со едно видео кое доби над 21 милион прегледи. Корисниците на TikTok се „истепаа“ да стигнат до делот за коментари на видеото.

Некои луѓе го критикуваа пристапот на Софија кон животот. „Целта во животот ти е само бркање пари“, „Си се омажила за богат човек, не си богата... тие работи брзо се менуваат“.

Сепак, други ја поддржаа. „Како е чувството да го живееш твојот сон? и „Би сакала да излегувам со богат човек со сите тие пари“, се само дел од коментарите.

Што мислите, дали таа живее во сон или има друга страна на медалот? Пишете ни во коментари.


Foto: TikTok/sofiakralow / screenshot