Ова е имотот на Јелена Бачиќ Алимпиќ на Фрушка Гора: Има викендица опкружена со зеленило и цвеќиња - Вистински рај на земјата

Добивај вести на Viber

Писателката и поранешна водителка Јелена Бачиќ Алимпиќ направи вистински рај на Фрушка Гора, каде што има куќа во која често престојува.

Имено, Јелена има пространа градина околу куќата, која е полна со цвеќиња и зеленило и која таа самата редовно ја уредува, што може да се види од фотографиите кои ги објавува.

Во една прилика таа истакна дека вратите од нејзината куќа се отворени за семејството и пријателите и дека мирот по кој копнеела го нашла токму на ова место.

– Го сакам ова мое парче земја – напишала под една фотографија.

Јелена често престојува во куќата на Фрушка Гора со своите миленици, за кои посочува дека ја претставуваат „нејзината радост“.

Работата на водителката не била лесна

Една од најпознатите српски писателки, Јелена Бачиќ Алимпиќ, своевремено беше успешна новинарка и водителка и се присети на тој период.

Јелена призна дека работата како водителка не и е нималку лесна и дека во тешките моменти морала да глуми расположена пред камерите.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs