ОВА Е ЛЕТО НА ЉУБОВ… ЗА ЕВРОПСКИ ФИЛМОВИ!
- European Film Challenge ве носи на филмско
доживување на 4тото изадние на Beach Film Festival Охрид -
Во рамките на третиот #EuropeanFilmChallenge_МК се реалзира уникатно филмско доживување на брегот на Охридското езеро со европски филмови во рамки на 4тото изадние на Beach Film Festival.
Од 14ти јуни до 23ти јули трае Европскиот филмски предизвик во кој за 10 недели учесниците треба да изгледаат 10 европски филмови на легална платформа. За време на предизвикот за сите љубители на европските филмови следува богата содржина со филмски критики, интервјуа, подкасти и секако препораки за кои филмови носат екстра поени до победата.
Во рамките на предизвикот се овозможува прекрасно и уникатно летно доживување за вистинските филмофили на овогодинешното издание на Beach Film Festival од 21ти до 25ти јули 2021 година во Охрид. Во рамки на официјалната селекција се вклучени 14 краткометражни и 5 долгометражни филмови, помеѓу кои се Honey Cigar, Moon, 66 Questions, Human Factors, Sexfish и Jedini Izlaz. Фестивалот како и секоја година ќе го затвори специјална проекција на македонски филм, а за ова издание тоа е филмот Homo (2020) на режисерот Игор Иванов Изи. Сите проекции на 4тото изадние на Beach Film Festival се бесплатни и се прикажуваат на плажата Горица 3, покрај прекрасното Охридско езеро, каде сите филмофили и љубители на европските филмови можат да уживаат во гледањето на филмови од европската кинематографија.
Љубителите на европскиот филм можат да се вклучат во предизвикот со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/mk и за секој гледан долгометражен филм на овогодинешното издание на Beach Film Festival да освојат дополнителни 40 поени.
Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge) е иновативна дигитална платформа што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија.
Во Македонија проектот го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21 заедно со европски партнери во 9 држави преку поддршка на програмата на МЕДИА- Креативна Европа и Европската филмска индустрија.
Ова лето е лето на љубов и европски филмови. Уживајте во европската кинематографија, учествувајте во третиот #EuropeanFilmChallenge_МК, собирајте поени и следете ги профилите на социјалните медиуми Facebook и Instagram.
ПР објава