Ова е мајката на Јелена Бачиќ Алимпиќ: Писателката ѝ приреди прекрасна роденденска забава во домот за стари лица
Мајката на Јелена Бачиќ Алимпиќ го прослави својот 83
роденден, а писателката ѝ приреди прекрасна прослава со балони и рози.
Јелена Бачиќ Алимпиќ, новинарката и писателка, има прекрасен и хармоничен однос со целото нејзино семејство. А на тоа поле во последните неколку месеци имаше повеќе причини да биде задоволна.
Најпрвин нејзиниот син Марко се ожени со својата девојка Антонина, а и открија дека чекаат бебе.Во јануари годинава Анотина се породи и на свет ја донесе малата принцеза Уна, а Јелена тогаш не можеше да ја сокрие среќата бидејќи стана баба.
После сите тие среќни вести, на ред дојде роденденот на мајка ѝ на Јелена. Оваа дама го прослави својот 83-ти роденден во домот за стари лица, а нејзината ќерка реши да ѝ приреди убаво изненадување по тој повод.
Јелена во домот за стари лица ѝ донесе торта, балони и цвеќиња, а на прославата дојдоа и колегите на мајката на Јелена од домот.
Имаше два големи балони во форма на броевите осум и три, како и две свеќички на тортата со исти мотиви. Јелена ја прегрна мајка си и покрај една фотографија напиша: „Те сакам мамо“.
Навистина убав семеен момент за семејството Бачиќ Алимпиќ.
Фото: Инстаграм - Јелена Бачиќ Алимпиќ