Ова е сестрата на Ведрана Рудан: Писателката ја чува нејзината фотографија на фрижидер, еве зошто е посебна (ФОТО)

Ведрана Рудан вчера пред публиката на промоцијата за нејзината книга ја претстави и својата сестра!

Хрватската писателка и новинарка Ведрана Рудан вчера одржа промоција на својата книга „Црнците во Фиренца“. Ведрана на самиот почеток на промоцијата беше поздравена со громогласен аплауз, а публиката и даде поддршка.

-Секако морам да ѝ се заблагодарам на сестра ми Мели, која ми е голема инспирација. Нејзината слика ја чувам на фрижидер. Голем аплауз за Мели – рече Ведрана. Посебно била трогната од поддршката на претставниците од Палестина, поради кои завршила во солзи.

Ведрана на промоцијата откри како се справува со негативните коментари и ја откри тајната на нејзиниот успех.

-На хејтерите не им одговарам, освен ако не се потпишат со име и презиме. Клучот за мојот успех е тоа што навистина не се заморувам кој што мисли за мене. Не ми е гајле за никој, слободна сум како птица. Јас зборам што сакам, многумина ќе речат: „Бабо, што се*еш?“ Не ми е гајле. Зборувам, супер ми е и не ми е гајле – рекла Ведрана, а потоа додала:

-Рецепт за успех – чекорете низ животот и повторувајте си по пет пати секој ден: „Што ве е*ам“.

Фото:Zorana Mandic/ATAImages/screenshot

Извор:republika.rs