Ова е тренд кој ќе го обожаваме во летните месеци: Отмен, а обичен, пријатен и спасува од горештините
Добриот, стар лен се врати на модната сцена. Овој природен, лесен материјал ќе биде хит во наредните месеци и е совршен за топлите денови - удобен е за носење и изгледа шик и софистицирано.
Особено издвојуваме лен од светли бои, кои се одличен избор за работа или празнични прилики кога сонцето силно грее.
Акцентот е ставен на ленените шорцеви и панталоните кои убаво се вклопуваат во романтични и бохо блузи, но и класични еднобојни кошули.
Ленот изгледа најдобро во минималистички изданија - затоа изберете класични, едноставни кроеви и бои во исти или слични бои, и изберете дискретен накит и обувки изработени од природни материјали - кожа, плута, рафија.
Побарајте инспирација во нашата галерија и видете како модните блогери и трендсетерки го носат овој летен, пријатен материјал.
Фото:Пинтрест