Ова е вилата на Горан Бреговиќ од 2.500.000 евра: Имотот во Црна Гора од 400 квадрати е рај за очи
Музичарот Горан Бреговиќ неодамна одлучил да ja изнајмува луксузна вила во Пераст вредна 2.500.000 евра, која ја купил пред повеќе од 10 години.
Имено, Бреговиќ решил својата вила од 400 метри квадратни да ја стави на позната локација за изнајмување недвижнини, која можат да ја купат само оние со длабоки џебови.
Инаку, цената за изнајмување е 1.400 евра дневно, а фотографии од луксузната зграда може да се најдат на веб-страницата за недвижнини.
Имено, како што е наведено на веб-страницата, вилата има поглед кон градот, има приватен базен како и надворешен базен, градина, тераса, но и приватен паркинг. Вилата има 4 спални соби.
Вилата нуди и услуги за изнајмување велосипеди и рентање на автомобил.
Рајот на Бреговиќ на земјата има неколку тераси на кои можете да ручате, додека некои од нив имаат лежалки за да можете да се сончате и да уживате во денот. Во вилата се добредојдени и деца и домашни миленици, за кои не се наплаќа доплата, но музичарот не им дозволува на гостите да пушат или да организираат забави од било каков вид. Ѕидовите на вилата се украсени со бројни уметнички дела, а во трпезаријата има слика на која е прикажана пародија на „Тајната вечера“ на Да Винчи.
Фото: booking - screenshoot/Youtube - screenshoot