Ова момче е внук на легендарниот Жика: Се занимава со јавна работа и жените лудуваат по него (ФОТО)
Во една прилика отворено проговори за својот славен дедо
Актерот Драгомир Бојаниќ Гидра одигра бројни улоги во култни филмови и серии, а најзабележителна е секако улогата на Жика Павловиќ во „Жикина династија“.
Познато е дека тој беше во брак со колешката Љиљана Контиќ со која ја доби ќерката Јелена, а за Гидра беше многу приврзан и внукот на неговиот брат Миломир, Јован Стојановиќ.
Иако бил мал кога Гидра почина, еднаш тој раскажа дека многу добро се сеќава на својот дедо Драгомир.
„Често го посетував во неговиот стан кај Калемегдан. Како што беше во „Жикина династија“, таков беше и во секојдневниот живот, насмеан и весел. „Никогаш не сум го видел тажен или намуртен“, изјави тогаш Јован за локалните медиуми.
Во таа прилика тој истакна и дека нема вистина во приказните дека Гидра ѝ бил неверен на сопругата Љиљана.
„Не е точно дека дедо ми бил швалер. Тој многу ја сакаше баба ми Љиљана и од голема љубов доаѓаше до до кавги. Поради тоа често се разделуваа еден од друг, но тој секогаш се враќаше кај неа. Не си заминуваше поради други жени, тоа не е точно“, истакна Стојановиќ.
Јован, инаку, е модел и има правено кампањи за познати брендови, учествува и на модни ревии, се појавува и во спотови.
Оженет е со шминкерката Маја, со која го има синот Алексеј, а со својот шарм ги освои срцата на бројни жени кои го следат на социјалните мрежи.
Извор: nova.rs