Ова момче има три месеци и прв пат го слушна гласот на неговата мајка: Роден е со оштетен слух, а неговата реакција ги воодушеви сите

Добивај вести на Viber

Тримесечното момче по име Алби Колинс е родено со умерено оштетување на слухот на двете уши. Со помош на слушен апарат за прв пат по раѓањето го слушнал гласот на мајка си. Неговите родители, Ејми и Метју, кои и двајцата имаат 29 години, биле пресреќни поради реакциите на нивниот син.

Трогателната снимка покажува како реагирало момчето кога првпат го слушнал гласот на мајка си, а потоа и како реагирал на новите звуци дома додека се прилагодувал на нив со помош на уредот.

Двојката од Западен Јоркшир донела одлука на Алби да му вгради слушен апарат за да му овозможи да го научи јазикот и да му го олесни учењето подоцна во животот.

@mattycollins94 Baby Albie just had his hearing aids fitted takes after me with a slight impairment. But all smiles after hearing mummys voice loud and clear  #hearingaids #hearingloss #hearingimpaired #baby #boy #son #babyboy #hearing #uk #fyp #hearingaidsgang #smileyface #/a> #happyboy#love #mummy #smiles # @Amy Collins #joy #happy I Get to Love You - Acoustic - Mysha Didi

- Здраво, убаво момче. Дали си убаво бебе? Слушаш ли мама? Кажи мамо..., му вели неговата мајка во видеото.

Лекарите ги советувале родители да носи слушни помагала уште од мали нозе за да не му се нарушат говорот и јазикот додека расте. Неговиот татко го има истото губење на слухот што беше откриено додека тој беше во основно училиште, така што врската е веројатно генетска.

-Мојот сопруг и јас бевме пресреќни што го видовме како се насмевнува додека ги апсорбира сите нови звуци. Таква трогателна реакција  ме остави воодушевена“, пишува Дејли Мејл.

Видеото е придружено со прекрасни коментари: „Најслаткото нешто што сум го видел денес, честитки“. „Ах неговото мало лице“, „Апсолутно преслатко човече“.