Oва можете да го научите од пропаднати љубовни врски
Врската е само еден дел од сложувалката наречена живот. Еден љубовен неуспех не треба да ви ја помати среќата и да ви ја расклати самодовербата.
Простувањето е за вас, а не за другата личност. Колку побрзо го разберете тоа, толку побрзо ќе се ослободите од огорченоста и токсичната лутина и ќе поставите стабилна основа за нов љубовен почеток
Можете и морате да научите да бидете среќни со статус сингл. Не треба да чекате некој друг да ја активира вашата среќа. Среќата е избор кој секојдневно треба да го правите, без оглед на вашиот љубовен статус.
Бракот нема моќ да излечи врска во неволја. Ако две личности не можат да одржат врска, нема да можат успешно да го играат најважното танго во животот наречено брак.
Стравот од осаменост никогаш не треба да е причина за останување во лоша врска. Многумина излегуваат од една врска и веднаш влегуваат во друга поради страв од осаменост. Некои остануваат во лоша врска зашто се плашат дека нема да најдат нов партнер. Не заборавајте, подобро е да бидете сами отколку во лоша врска.
Секогаш кога една врата се затвора, пред нас се отвора нова. Престанете да гледате зад себе, бидејќи така ги пропуштате можностите кои никнуваат пред вас.