„Ова не можат да го разберат оние кои не доживеале вистинска љубов“: Девојката на Лазар Ристовски ги покажа пораките кои ги добива во инбокс
Актерот Лазар Ристовски (71) ужива во љубовта со колешката Аница Лазиќ (32), а за нивната врска долго време на големо се зборува.
Аница неодамна на социјалните мрежи ги сподели пораките кои ги добивала, а кои и неа ја трогнале.
- Убава и многу силна, и психички и секако, поддршка за тебе! – пишувало во пораката, па таа се заблагодарила за овие зборови.
- Како некој кој е во брак со 42 години постар маж, целосно те разбирам и ја испраќам мојата поддршка во секоја смисла, љубовта е љубов! – била другата порака која ја покажала, на која Аница напишала:
- Оваа порака особено ме воодушеви. Ти посакувам се најдобро!
- Вистинската љубов зрачи, тоа го знаеме ние што ја живееме. Тие што не разбираат, за жал, не разбираат затоа што не почувствувале и не треба да се обвинуваат. Остануваш инспирација, се најдобро! – ѝ напиша една инстаграмџика, па Лазиќ изјави:
- Една од најубавите пораки денес, благодарам!
Ритовски како Бонд
Да потсетиме Лазар и Аница моментално се на одмор. Тие се наоѓаат во луксузно одморалиште, а популарниот актер вчера сподели видео од базен.
Лазар Ристовски ја имитираше, во свој стил, познатата сцена од филмот „Џејмс Бонд“, па театрално излезе од вода, додека Аница снимаше.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs