Ова никој не го очекуваше: Огнен Амиџиќ објави фотографија од Мина без грам шминка, па емотивно ѝ честиташе роденден

Добивај вести на Viber

Сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ денеска слави роденден.

По тој повод Огњен се огласи на својот Инстаграм профил и со емотивни зборови и го честиташе роденденот.

- Денеска е роденден на најубавата и најдобрата жена на светот. Засекогаш да бидеш среќна – напиша водителот и објави фотографија од сопругата.

Да потсетиме, синоќа Огњен ја прекина емисијата „Амиџи шоу“ за да ѝ го честита роденденот на Мина.


- Ќе ве замолам за секунда внимание. На жена ми ѝ е роденден и сакам да ѝ честитам со песна - рекол Огњен, по што добил громогласен аплауз.

- Мирза ќе ја пее, песната се вика „Мина“ - додаде водителот, а Селимовиќ се фати за микрофонот.

Сите присутни очигледно уживаа во музиката, а по завршетокот Амиџиќ го продолжи шоуто.

- Ти благодарам, навистина убиваш како пееш - заврши Огњен низ смеа.


ФОТО: Инстаграм