Израелската претставничка на Евровизија, Нета има интересна и необична песна во која таа прави звуци налик на кокодакање.
Песната „Toy“ е објавена во неделата, а веќе има над 1,8 милиони прегледи на ЈуТјуб.
Нејзината песна предизвика голем интерес и надвор од Израел и важи за еден од фаворитите на годишениот Евросонг.
На еден од официјалните блогови посветени на оваа најголема музичка манифестација, пишува дека оваа песна е поинаква и ги има сите елементи за победа.
Eye Cue ќе ја претставува Македонија на Евровизискиот фестивал кој ќе се одржи на 8 мај во Португалија.