Ова се единствените панталони во кои ќе изгледате повитки: Ја издолжуваат вашата фигура и прават чуда

Добивај вести на Viber

Фото насловна: screenshoot/Profimedia

Панталоните со препознатлив дизајн кои се шират во ногавиците и формираат трапез оваа сезона се повторно во тренд.

Популарните панталони никогаш не биле попривлечни. Дополнителна точка за познатите sвонари е резот кој сигурно ја издолжува фигурата и ја прави фигурата потенка.

Ѕвонарките беа многу популарни во 70-тите и 90-тите години од минатиот век, а бидејќи се одликуват со елеганција, тие можат да се носат од утро до вечер во многу ситуации. 

Многу познати трендсетерки ги претпочитаат овие модели затоа што одговараат апсолутно на сите комбинации и се вклопуваат во летни ретро трендови со омилените еспадрили, потпетици, патики ...

Големи обожаватели на ваквите модели се Софија Вергара и Викторија Бекам. 

Оваа сезона, понудата е богата, така што нема да мора многу да лутате, а при шопинг, проверете дали составот е претежно направен од природни материјали за кожата да може да дише.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Прекриваат несовршености: Ако имате вишок килограми, овој модел на костим за капење е совршен за вас (ФОТО)