Животна училница // Приказни
OВА СЕ НАЈСТАРИТЕ ВИНА НА СВЕТОТ: За колку пари ги продаваат?
- 26 Мај, 2018
На аукција во Франција наскоро ќе се најдат три шишиња од жолтото вино „Арбоа“ од 1774 година, кое се вбројува меѓу најстарите вина во светот.
Аукциската куќа „Жира Еншере“, вредноста на вината по шише ја проценува на околу 15.000 до 20.000 евра.
„Експертите во 1994 година го пробаа ова вино и му дадоа оцена 9.4 од можните десет“- изјави акционерот, Филип Етјеван.
Слично шише со вино во 2011 година се продаде за 57.000 евра на аукција.