Ова се петте најважни датуми за овој НОЕМВРИ!

Ноември ни носи големи шанси за позитивна енергија и трансформација што ја очекувавме. Проверете кои денови во единаесеттиот месец се сметаат за најсреќни според астро прогнозите!

5 ноември - млада месечина во Шкорпија и премин на Венера во знакот Јарец

Младата месечина во Шкорпија носи будење и ослободување од товарот што сте го почувствувале. Ви буди позитивни емоции и енергија која носи самодоверба, убави денови, но и остварување на сите желби.

11 ноември - Магична серија на 11:11

Оваа серија на бројки се смета за најсреќна и е феноменално време за замислување и постигнување на она што го сакате. Тоа носи мирна енергија, релаксација, а вие мора да се потсетите кои сте и каде сакате да бидете.

17 ноември - Марс се соочува со Уран

Кога ќе се соочат Уран и Марс, тоа значи многу важен ден. Донесете важна одлука што сте ја одложиле, посветете се на себе, на своето хоби, разговарајте со драги луѓе. И најтешките задачи можат да се решат денес.

18 ноември - метеорски дожд Леонид

Ова е вистинско време да замислите желба поради дождот од ѕвезди што паѓаат! Разбудете ја вашата сила и способност да ги надминете сите пречки. Затворете ги очите и замислете ја желбата!

24 ноември – Меркур преминува во знак на Стрелец

Кога Меркур ќе премине во знакот на Стрелец, тоа е денот кога доаѓа слободата и позитивната енергија. Од 24 ноември очекувате финансиски успех, заработка, изобилство, привлекување пари, но и успех во склучување и барање работа.

извор:GLOSSY