Ова што го гледаме е страшно: Млади, здрави луѓе со тешки клинички слики, директорката Гагачовска со апел по смртта на 19-годишната девојка

Добивај вести на Viber

Во Клиничката болница во Битола почина 19-годишна девојка која била суспектна на Ковид-19, а директорката д-р. Билјана Гагачовска за Фактор изјави дека направиле се што е потребно, но за жал, само неколку часа по приемот, младата девојка починала.

-Девојката беше донесена вчера, во многу тешка состојба со ниска сатурација, веднаш беше хоспитализирана во Ковид-центарорт во посебна соба за суспектни пациенти. Веднаш и беше дадена адекватна терапија и беа преземени реанимациони мерки, но за жал неколку часа по приемот, пациентката почина. Беше донесена како сомнителна со клиничка слика и манифестација на ковид-инфекција, но не беше тестирана и кај нас почина пред да биде земен брис. Инаку, девојката имаше коморбидитет-Даунов синдром.

Д-р. Гагачовска информира дека до утринава до 8 часот во Клиничката болница во Битола се хоспитализирани 134 пациенти од кои повеќето се со тешка клиничка слика и во тешка состојба.

Целиот текст на Фактор, тука.