Ова влијателна жена е братучетка на Саша Поповиќ: Нивната сличност е неверојатна

Добивај вести на Viber

Братучетката на Саша Поповиќ извршувала многу важна функција во соседна Србија

Веста која изненади многумина е дека Саша Поповиќ и поранешната ректорка на белградскиот универзитет Иванка Поповиќ се роднини. Имено, оваа позната и влијателна дама е братучетка на Саша Поповиќ, но за тоа никогаш јавно не проговориле.

Првичните информации кои кружеа на интернет беа дека Саша и Иванка се братучеди од нивните чичковци. По тој повод, екипата на српски Курир најпрво го контактирала Саша Поповиќ, но тој не одговорил. Потоа разговарале со професорката д-р Поповиќ, која ја кажала вистината, но не била многу елоквентна. 

- Роднини сме, седма генерација. Не би го нарекла блиска врска. Освен сензационализам, не гледам зошто е важна оваа информација - напишала тогаш во порака ректорката на белградскиот универзитет.

Иванка Поповиќ, поранешен ректор на Универзитетот во Белград и професор на Технолошко-металуршкиот факултет, минатата година беше избрана за потпретседател на Европската асоцијација на универзитети (УЕА).

Иванка е родена во 1959 година во Рио де Жанеиро. Нејзиниот дедо бил сенаторот Дака Поповиќ, а нејзиниот татко бил амбасадорот Гавра Поповиќ, инаку југословенски дипломат. Свештеникот на Српската православна црква Алимпије Поповиќ, вујко на Иванка, бил првиот градоначалник на Нови Сад по Втората светска војна, пишува меѓу другото во биографијата на Иванка. 

Саша откри од какво семејство потекнува

Ниту едно од овие споменати имиња не е поврзано со Поповиќ, но веќе е познато дека и Саша потекнува од семејство на свештеник од Нови Сад. Неговиот дедо бил свештеник во црква во главниот град Војводина.


Фото: Youtube - screenshoot