Оваа баба ги урива сите граници: Освојува медали на 89 години, најстара атлетичарка е, а почнала да тренира на 60 !

Со атлетика почнала да се занимава на 60 години, на убедување на пријател, а досега има освоено над илјада медали.

Баба Фло Мејлер со нејзиниот пример не потсетува дека никогаш не е доцна да почнеме да го правиме она што го сакаме. Оваа Американка ги руши сите граници. Со атлетика почнала да се занимава дури на 60 години, на убедување на пријател со кој играла тенис. Таа сега има 89 години и има освоено повеќе од илјада медали!

Минатиот месец, баба Фло беше најстарата натпреварувачка на патеката 200 во Род Ајленд. Таа се натпреваруваше во женската трка на 60 метри и истрча за 14,77 секунди. Инаку, таа се натпреваруваше во скок во височина (0,90 м), скок во далечина (1,95 м), како и во многу други дисциплини.

View this post on Instagram

A post shared by Shannon Watts (@shannonrwatts)



Мотото на оваа баба е: „Мотивацијата е она што не движи, а навиката не тера да одиме понатаму“. 

Баба Фло е доволна мотивација за сите луѓе кои мислат дека е доцна да сменат работа, да најдат хоби, да се преселат...