Oваа жена ја слават како херој - нејзиниот подвиг е неверојатен
Авионот на компанијата "Southwest Airlines" вчера на летот од Њујорк за Далас, принудно слетал на аеродромот во Филаделфија, откако му експлодирал левиот мотор, а парчиња од моторот оштетиле некои прозори и усмртиле еден патник.
Жената пилот која безбедно го спуштила авионот на кој му експлодирал моторот во Филаделфија, претходно стекнала големо искуство во американската морнарица.
56-годишната Тами Џо Шулц, откако експлодирал моторот, била принудена што побрзо да го спушти авионот на меѓународниот аеродром во Филаделфија.
Таа смирено им јавила на контролорите за воздушен сообраќај дека отпаднал дел од нејзиниот авион и дека на пистата ќе и биде потребно амбулантно возило.
Повеќето од 144. патници во авионот ја пофалиле на социјалните мрежи, а службениците рекле дека персоналот на авионот го направил тоа за што бил трениран.
На сајтот "F-16.net" се појавиле податоци за неа. Таму пишува жената дека сакала да оствари кариера во авијацијата уште од средно училиште, но дека била одбиена затоа што не примале девојки.