Овие чаеви го зајакнуваат имунитетот за време на постите

Добивај вести на Viber

Во текот на постите ви недостигаат состојки кои содржат месо, јајца и млечни производи. За да ги задоволите потребите на вашиот организам, заменете го секојдневното кафе со чаеви.

Шумска јагода

Листот од шумската јагода се користи за правење на витамински чаеви. Чајот од оваа билка овозможува да се борите против анемија, срцеви заболувања, алергија и леукемија. Две супени лажички од оваа билка додајте ги во вода. Пијалокот ставете го на 2,3 часа во студена рерна. Пијте по 2 чаши дневно.

Црна рибизла

Младиот лист од црна рибизла содржи многу витамини и минерали. Чајот од оваа билка го враќа крвотокот во нормала, лекува анемија, помага при кожни болести.

Ставете една супена лажица од рибизла прелијте во топла вода и оставете да се излади. Пијте по една чаша во текот на денот.

Кантарион и оригано

Овој чај има антиоксидантно и антибактериско дејство, дава отпор на вирусите и ги намалува симптомите на депресија.

Пола ќесичка чај од кантарионот измешајте со пола чај ќесичка оригано. Прелијте ја смесата со чаша топла вода. Па оставите да се олади еден час. Консумирајте по една или две чаши, а може да додадете и мед.