Овие намирници мора веднаш да престанете да ги конзумирате

Добивај вести на Viber

Без разлика на тоа дали сте личност која внимава на секоја намирница која ја внесувате во телото или едноставно сакате да почнете поздраво да се храните, ви нудиме насоки како да стекнете здрави прехрамбени навики и кои намирници не би требало никако да ги јадете ако сакате да останете витки..

Газирани пијалоци

Знаевте ли дека газираните пијалоци се полни со празни калории кои се добиваат од пченичен сируп богат со фруктоза? Како и да, е овие пијалоци треба веднаш да престанете да ги пиете, бидејќи е докажано дека предизвикуваат дебелина и може да го зголемат ризикот од дијабетес и висок крвен притисок.

Полномасни млечни производи

Секако дека млекото и млечните производи се здрави за вас, но полномасните млечни производи се полни со масти и холестерол. Затоа секогаш избирајте ги оние со помал процент на млечна маст, кои сепак ги содржат сите хранливи материи кои ви се потребни.

Брза храна

Количината на калории која содржи еден оброк од ресторан за брза храна е речиси еднаква на бројот калории кои би требало да ги конзумирате во текот на цел ден. Иако некои од овие калории потекнуваат од белковини, сепак во потеклото на повеќето има шеќер (во газирани пијалоци) и масти (обично од хамбургери и пржени компирчиња).