Овие пејачки не можат да се поднесат: Голема конкуренција
Познатите Косоварки во отворена војна
Популарните пејачки 23-годишната Дуа Липа и 27-годишната Рита Ора ги делат истите албански корени, познати пријатели и нивните семејства се долгогодишни пријатели, но меѓу славните убавици нема ни малку љубов.
Всушност, извори тврдат дека пејачките се во кавга, пишува „The Sun“. Се наводно започнало кога Дуа се обидувала да се пробие во музичката индустрија, и сестрата на Рита, Елена, која се занимава со менаџерство наводно, ја игнорирала, од страв дека ќе и ја украде круната на Рита. Кога Дуа неодамна беше прашана за односот со Рита, таа само се насмевка одговори дипломатски: „Нашите родители се, како да се познаваат, и јас, како, да ја знам нејзината сестра.“
Двете девојки живееја некое време во Косово и учеа во истото училиште, „Sylvia Young Theatre School“, кога живееја во Лондон. Дуа е родена во Лондон и се преселила во Приштина на девет години, а шест години подоцна се вратила во Лондон. Четири години постарата Рита е родена во Приштина, но во својата прва година, нејзиното семејство се преселува во Лондон.
Иако Рита е на сцената четири години, Дуа е многу поуспешна. Покрај тоа што има повеќе следбеници на „Instagram“, Липа е подобра и на музичките листи и со броевите на банкарската сметка. Нивниот конфликт беше дополнително засилен од страна на „Адидас“, кој неодамна ја најми Дуа за заштитно лице на брендот, а претходно тоа беше Рота. Дополнителна причина за непријателството меѓу овие убавини е поранешното момче на Рита, Калвин Харис, кој по раскинувањето забрани таа да изведува песни кои ги напишале заедно. Калвин неодамна соработуваше со Дуа, а нивната песна „One kiss“ наскоро стана летен хит.