Овие се сите начини на кои кралската двојка и оддаде почит на принцезата Дијана
Кралската репортерка Ребека Инглиш појасни дека празниот стол на венчавката не бил наменет за принцезата Дијана. Наместо тоа, протоколот е седиштето пред кралицата секогаш да е празно.
Но, дури и со празното столче на страна, имаше многу почит за принцезата Дијана на свадбата, вклучувајќи го велот на Меган Маркл, букетот, цветните аранжмани, и читањето за текот на церемонијата од Лејди Џејн Феловс, сестрата на Дијана.
Имено принцот Хари за свршеничкиот прстен на Меган земал два дијаманта од колекцијата на својата мајка, а прстенот сам го дизајнирал.
Белите рози во цветните аранжмани исто така беа во чест на мајката на Хари. Тој, наводно, го избрал букетот на Меган со омилените цветови на неговата мајка. Меган потсети на прерано починатата принцеза со нејзиниот превез, кој потсетуваше на оној од свадбата во 1981-вата со принцот Чарлс.
Сер Елтон Џон, долгогодишен пријател на Дијана, настапи на приемот за ручек
Меган со вториот аутфит носеше прстен од мајката на Хари.