Овие ТРИ ЗНАЦИ на венчавката укажуваат дека бракот нема да успее

Организаторите на венчавки Кристи Метјус и Касандра Сантон откриле три основни знаци по кои препознаваат дека бракот е осуден на пропаст.

1. Заземање на страна

Ако заземате било чија страна освен партнеровата-на вашиот брак не му се пишува добро. Имено, тие двајца тврдат дека е важно двојките веднаш на почеток да сфатат дека се тим. Важно е најпрво да го земете предвид мислењето на својот партнер, и заеднички да одлучите што ви одговара, а дури потоа да ги земете предвид советите и мислењата на вашите пријатели и семејство.

2. Години

Колку помлад е парот, поголеми се шансите дека бракот нема да успее. Работев со двојки кои имаа едвај 20 години, но и со оние од 50. Секогаш ме загрижува неискуството на младите, открила Кристина. И неодамнешните истражувања покажале дека паровите кои подоцна влегуваат во брак имаат и помала шанса за развод.

3. Поважна е венчавката од бракот

Ако на паровите венчавката им е толку важна што организацијата влијае на нивниот однос, тоа никако не е добро. Важно е добро да ги ставите приоритетите и да организирате венчавка поради бракот, а не бракот поради венчавката.