Пар се запознал и венчал во супермаркет
Лери Сперинг (69) и Беки Смит (61) пред десет години се запознале во супермаркет, а одлучиле и таму се да венчаат, пренесуваат американските медиуми.
„Информација за купувачите: Венчавка во одделeние 13“, објавено е во супермаркетот.
Парот, со пријателите и кумовите се венчале меѓу конзерви со моркови и грашок, во супермаркет во кој се запознале пред 10 години.
Смит изјавила дека тогаш била вработена во тој супермаркет. Еден ден и се приближил Сперинг, се насмеал и дал лист со неговото име, презиме и број.
Тие велат дека го одбрале 1ви арпил за нивната свадба, затоа што е најблиску до нивните родендени, Сперинг го слави својот роденден на 2ви април, а Смит на 3 април.
Матичарот изјавил дека тоа било негова прва венчавка во супермаркет, а газдата бил среќен бидејќи им ја исполнил желбата.