Парите ги „расипуваат“ луѓето: Експерт објаснува 5 митови за парите кои водат до конфликт во врската, внимавајте пред да биде предоцна
Овие митови гарантирано ќе додадат стрес во вашата врска …
Добро е познато дека парите се важна ставка кога се во прашање врските. А зашто објаснува терапевтот.
„Неодамна се омажив, а никогаш претходно не ги споделував моите финансии со никој, па во најмала рака беше предизвик да ги делам финансиите со мојот сопруг – но тоа е нешто што сум подготвена да го истражам. Имаше многу подеми и падови во овој домен, а ние сè уште влегуваме во жестоки расправии за пари и кој во што треба да придонесе“.
Еве ја работата: вистинскиот предизвик не се самите пари. Тоа се нашите индивидуални несигурности во односите и недоразбирањата за парите.
„Мојот сопруг и јас потекнуваме од многу различни средини. За мене парите не беа никогаш малку имав доволно. А за мојот сопруг? Тој доаѓа од скромно семејство и е многу мотивиран од овој фактор – и затоа троши внимателно.
Од друга страна, имам тенденција да штедам и да одолговлекувам. Можете да почнете да гледате каде лежат разликите и како тоа може да предизвика проблеми, нели?
Додека мојот сопруг и јас работиме на тоа како најдобро да ги надминеме нашите несогласувања околу трошоците, мислам дека е добро да го споделам моето но и искуството на моите клиенти, се со цел да не додје до расипивање на односите поради финансиите.
Овие несогласуввања околу финансиите гарантирано ќе создадат стрес во вашата врска. Дали се гледате себеси во некоја од нив?
1. Верувањето дека партнерот и парите се причините поради кои сте под стрес
Морам постојано да потсетувам дека парите или мојот партнер не ме стресуваат; тоа е моето суеверно размислување. Неодамна сфатив дека имам повторлива мисла која вели: „Не верувам никому кога се во прашање парите“. Со сеќавање дека нашите мисли се илузорни и дека нашите „стресни чувства“ не кажуваат ништо за ситуацијата, туку повеќе за нашата состојба на умот, можете да се извлечете од штетните шеми на размислување што ги создавате.
2. Верување дека ќе бидете среќни кога …
Забележувам дека многу од моите клиенти ја имаат оваа шема на размислување: Тие мислат дека ако се сменат само една или две работи, би биле многу посреќни. На пример, би биле посреќни кога …
• ќе ги имаат парите што ги сакаат
• нивните грижи за пари ќе исчезнат...
Можев да продолжам, но она што сакав да го покажам е дека оваа конкретна шема на размислување може да доведе до чувство дека вашата жед е неизгаслива. Оваа шема на размислување вели дека не можете да бидете среќни сега … и иднината не постои... Тоа е погрешно, тоа допринесува за стрес и кај вас и кај вашиот партнер.
3. Дека менувањето на паричните навики на партнерот ќе направи се да биде подобро
Не знам за вас, но желбата да се промените себеси може да биде предизвик. Можеби е полесно да сакате да промените некој друг, но ова не се препорачува! Тоа е како да кажеш „Кога ќе се промениш, тогаш ќе можам да бидам среќен. Ќе можам да го почувствувам тоа што сакам да го почувствувам“.
За жал, тоа не функционира така. Она што го сфатив е дека кога сакав да го сменам однесувањето на мојот сопруг, она што го кажував беше „Ако се промениш, тогаш нема да морам повеќе да чувствувам фрустрација или стрес!“
Живеењето на овој начин ќе ве направи целосно зависни од животот, не разбирајќи како навистина функционира тој, а тоа е да бидете среќни и задоволни со она што го имате денес, а ако сакате промени, почнете полека и сигурно да чекорите кон тој пат.
4. Верувањето дека зборувањето за вашата парична ситуација ќе создаде поголем стрес и нервоза
Никогаш разговорите за пари не се тие што создаваат тензија и стрес. Ако имате намера да не се чувствувате непријатно, секогаш кога ќе одлучите да зборувате за пари обидете се да создадете убав простор за да ги слушате грижите еден на друг, тогаш поголема е веројатноста да го добиете исходот што го барате.
Вистинското слушање на вашиот партнер предизвикува увид и сочувство и ќе овозможи ново разбирање на она што е вистина и присутно во моментот. Едно е загарантирано: ако реагирате без да зборувате, само се подготвувате за прекин на комуникацијата.
5. Верувањето дека парите можат да ви дадат среќа или сигурност или …
Дали некогаш сте размислувале дека парите или недостатокот од нив ви создава чувство на сигурност или несигурност? Чувството на сигурност или несигурност се генерира само од вашето размислување, па затоа не е присуството или недостатокот на пари тоа што ве прави да се чувствувуате непријатно.
Парите се само алатка, како четката за заби. Тие можат да ви го подобрат животот но дефинитивно не се тие кои можат да ве направат среќни. Зарем не е прекрасно да се знае тоа, напиша Марина Пирсон, животен тренер и тренер за врски.
Фото:Фрипик