Парите се најмалку важни, мислите за кои не сте свесни ве блокираат: Работи кои ве спречуваат да бидете вистински среќни

Добивај вести на Viber

Постигнувањето среќа е нешто различно за секого, а експертите наведуваат 6 мисли и реченици кои нѐ блокираат сите и нѐ спречуваат да бидеме вистински задоволни.

Сите знаеме што е среќа, но убавината е во тоа што за секого е нешто различно. Поентата е само да откриеме што точно ни е потребно за да бидеме среќни и да работиме кон нашата цел! За некои е важно да имаат семејство само кога се исполнети како сопружници и кога родителите чувствуваат дека се целосно исполнети. Други пак, исполнувањето и среќата ја наоѓаат во статусот сингл. За некои парите се клучот, за други слободата да не зависат од никого, други сакаат само безусловна, страсна љубов...

Кога станува збор за тоа што мислиме дека ќе нѐ направи среќни, постојат многу заблуди. Луѓето често веруваат дека конечно ќе бидат среќни кога ќе остварат „важен“ сон. Обично кога тоа ќе се случи, многу лесно се прилагодуваат на новонастанатата ситуација, едноставно се навикнуваат и потоа сакаат нешто друго, копнеат за остварување на некој друг сон кој ќе ги направи среќни... Истиот принцип важи и за неуспесите.

Она што го истакнуваат експертите, како што пренесува „Psychology Today“, парите не се клучот за среќата, иако во денешното општество во тоа се верува. Бројни студии покажаа дека луѓето кои заработуваат многу повеќе од просекот не се посреќни од оние кои имаат многу поскромни примања. Исто така, се покажа дека според статистиката за љубовта, односно партнерскиот однос е она што игра клучна улога кога зборуваме за среќа.

Интересни се и „блокадите“ кои ги имаат луѓето, односно мислите кои најчесто се поврзуваат со романтичните врски, а кои ги спречуваат да бидат среќни.

Ова се мисли и реченици кои илустрираат заблуди за среќата и кои всушност претставуваат блок за нејзино постигнување:

-Ќе бидам среќна кога ќе бидам богата и успешна.

- Ќе бидам среќна кога ќе се омажам за вистинската личност.

- Ќе бидам среќна само кога ќе добијам можност да ја работам мојата работа од соништата.

- Не можам да бидам среќена без партнер ако нашата врска заврши.

- Никогаш нема да закрепнам од раскинување, развод...

- Најдобрите години од мојот живот поминаа, немам на што да се надевам.


ФОТО: фрипик