„Pastel - Wine and Dine” и шеф Огненовски со нов концепт
Добро познатиот бренд „Pastel”, кој веќе 10 години беше познат како одлично место за вкусен појадок, заедно со реномираниот шеф Влатко Огненовски, го надополнуваат концептот со ново одбрано мени за ручек и вечера, збогатено со голем избор на винаи слатки десерти по пристојни и прифатливи цени.
„Pastel - Wine and Dine” е нов современ и модерен ресторан во центарот на Скопје, веднаш спроти театар Комедија, на булеварот Св.Климент Охридски, кој ви нуди и промовира современ пристап во подготовката на храна.
За целокупното доживување во ресторанот се грижи шеф Огненовски, кој што своето искуство и образование го има стекнато со 8 годишна работа заедно со шеф Лоренцини Дучо (Duccio Lorenzini) и Лука Черетани (Luca Cerretani) од Тоскана. Влатко заедно со Елена Сотирова, дипломиран готвач со посебен фокус на т.н. крио кујна, каде што јадењата се подготвуваат на температура од -200⁰C и Игор Стојановски, готвач за пецива и слатки, со голема дисциплина и совршени техники се грижат секој оброк да биде подготвен со многу љубов.
Во овој ресторан преовладува фузија на искуство од традиционални и стари рецепти од Франција и Италија споени со нови и модерни техники на готвење. Според квалитетот на храната и специфичните вкусови, во „Pastel - Wine and Dine” во моментов може да доживеете кулинарско искуство како во еден модерен бутик ресторан во најсовремените светски гастрономски метрополи.
Понудата на „Pastel - Wine and Dine” започнува со вкусни домашни печива и неколку видови на леб за појадок и продолжува со добро одбрано мени за ручек и вечера и секако голем избор на десерти кои се базирани на француската кујна во нејзина изворна форма, како што е користењето на белгиско чоколадо, австриски путер и вистински ванила стапчиња.
Во „Pastel - Wine and Dine” ќе најдете и неколку вида на превкусните и уникатни салати во кои преовладуваат традиционални вкусови осовремени со новите трендови. Главната карактеристика е врвната понуда на главни јадења базирани на традиционалната италијанска и француската кујна со примеси на американскиот бистро стил на готвење. Гастрономијата на овој ресторан е надополнета и со одличен избор на вина, при што е водено посебна внимание истите да се надополнуваат и комбинираат со јадењата кои што се дел од менито.
Главниот пристап во готвењето на шеф Огненовски е базиран на т.н. примитивна кујна каде е дозволено користење само на основни продукти кои можат да се најдат во природата. Поради тоа јадењата подготвени на овој начин се исклучително здрави, со богати вкусови, но и тешки за подготвување.
Од сега, кој сака да ужива во вкусна храна, убава атмосфера и вкусни десерти нека го посети ресторанот „Pastel - Wine and Dine”.
Следете нѐ на:Facebook: https://www.facebook.com/pastelmk
Instagram: https://www.instagram.com/pastel.mk
Посетете ја и нашата веб страна: https://pastel.mk