Патики во нежно розева боја!

Добивај вести на Viber

Прашлива нијанса на розе! Главен тренд во модниот свет!

Минатата пролет, бојата ,,Milenial pink''  беше прогласена за главна боја на сезоната, од страна на Институтот Пантоне, и таа полека но сигурно ја достигна својата популарност.

Во 2018-та, трендот и понатаму е присутен, но неговата позиција е зацврстена во модната индустрија. Милениумското розе од страна на експертите е опишана како нијанса на грејпфрут,кајсија и лосос, со напомена дека тоа не е еден тон, и дека се возможни повеќе нејзини варијации.

Од една до друга верзија, оваа боја доживеа голема популарност поради филмот на Вес Андерсон ,,The Grand Budapest Hotel'' во кој розевата нијанса стана речиси главен лик. Со почетокот на пролетта, оваа боја розе, многумина ја сметаат за главен хит оваа сезона.

Во новите колекции на многу брендови, патиките се обложени со прашлива нијанса на розе, додека и спортските гиганти не го игнорираа овој тренд и оваа сезона ги објавија своите класични модели во оваа тренди боја.

Во прилог, ги издвојуваме нашите фаворити...