„Патлиџан туризам“: Знам луѓе кои не потрошиле ни 20 евра за 10 дена на море, еве како
Секое лето, без грешка, актуелна е една тема - „патлиџан туризам“
Што точно е „патлиџан туризам“, секој различно го дефинира, а во српска популарна група за разменување искуства од одмори, „Грција Инфо“ се започна разговор токму за ова.
Србите го викаат „парадајз туризам“, но што е „патлиџан туризам“ за вас? Луѓето различно го дефинираат овој вид на туристи.
„За мене, тие се пред се оние кои немаат елементарна култура и воспитување - не го почитуваат местото и правилата на однесување на местото каде што дошле. Тие честопати доаѓаат во групи и се однесуваат како да се сами на плажа - не ги почитуваат луѓето околу нив, ви ставаат пешкир покрај главата, викаат, создаваат атмосфера како на пазар, постојано кај нив нешто шушка, па вадат нешто од нивните торби и алуминиумска фолија - храна, пијалоци, праски и друга храна им потекува по брадите, прават ѓубре, фрлаат ѓубре и отпушоци на плажа, често пуштаат своја музика, прават хаос на паркингот со паркирање на места каде што не е дозволено, итн итн - ја започна дискусијата еден член во групата.
А одговорите се разнолики:
- „Патлиџан туризам“ е израз кој настанал кон крајот на седумдесеттите години поради луѓето кои летувале претежно во апартмани, но и на кампување, влечејќи торби со домати, компири и кромид, бидејќи на летувалиштата, особено на море сето тоа било 2-3 пати поскапо.
- Аууу, жешка тема! Самата брзина на акумулирање на нашите коментари доволно зборува за тоа колку сме чувствителни на прашањето за сопствената слика што секој од нас ја негува. Сигурен сум дека просечниот странец, западен, не е загрижен за тоа каде и како летува неговиот сонародник, се додека неговиот личен интерес не е загрозен. „Живеј и остави другите да живеат“ како што би рекле таму. Се разбира, и тоа има свои негативни страни, но да не ја проширам темата премногу.
- „Патлиџан турист“: Заштедувате на храна за да останете подолго на море.
- Познавам луѓе кои не потрошија ниту 20 евра за десет дена на море, буквално си зеле 30 оброци со себе, по три за 10 дена.
- „Патлиџан туристите“ носат храна од дома, а на море купуваат само домати и леб. Тие не јадат во ресторани, туку во изнајмениот апартман. Самиот израз нема никаква врска со однесувањето и (не) образованието. Често се користел тој термин за да се понижи некој со тоа што има помалку пари.
извор:zena.blic.rs