Пауло Коелјо: Не губете време објаснувајќи нешто, луѓето го слушаат само она што сакаат

Добивај вести на Viber

Изреките на Пауло Коелјо се сигурно нешто што секогаш може да ви биде корисно, посебно кога ви е потребен поттик и инспирација. Прочитајте ги и споделете со вашите драги луѓе!

*Кога сакате нешто, цел универзум спрема завера со цел да ви помогне да го остварите тоа.

*Кога тежнееме да станеме подобри отколку што сме, се околу нас исто така станува подобро.

*Животот умее да ја тестира волјата на човек на два начини-во ситуации кога ништо не му се случува и во ситуации кога му се случува се одеднаш

*Еден ден ќе се пробудите наутро и повеќе нема да има време да направите работи кои секогаш сте сакале да ги направите. Направете ги сега.

*Бидете храбри. Преземете ризик. Ништо не може да го замени искуството.

*Доколку сакате да бидете успешни, мора да почитувате едно правило-никогаш не лажете се себе.

*Тајната на животот е да паднете седум пати и да станете осум пати.

*Не губете време објаснувајќи нешто, луѓето често го слушаат само она што сакаат.

*Немојте да им се предавате на своите стравови. Ако му се предадете на стравот, нема да можете повеќе да зборувате со своето срце.

*Во одреден момент од животот изгубиме контрола над она што ни се случува во животот и тогаш контролата ја презема судбината. Тоа е најголема лага на светот.

*Постои само една работа која стои на патот кон остварување сонишата: страв од неуспех.

*Кога ја повторите грешката, тоа веќе не е грешка. Тоа е одлука.

*Луѓето се способни во било кој период од својот живот да ги остваруваат своите соништа.

*Можноста за остварување на соништата е она што го прави животот интресен.