„Пцуеше и го тресна лаптопот на под“: Потресна исповед на девојката која го виде пејачот половина час пред да почине

Добивај вести на Viber

Пејачот Лиам Пејн (31) пред да почине во хотел во Буенос Аирес се однесувал чудно, а тоа го забележале и другите гости кои престојувале во истиот хотел.

Само 36 минути пред трагично да почине, бил снимен во фоајето на хотелот, бил во друштво со две девојки и еден маж, а го снимила 28-годишната Ребека, која во хотелот престојувала како гостин на свадба.

Дејли Мејл пренесува дека поранешниот член на One Direction ѝ рекол: „Бев во бој бенд, затоа сум толку сје*ан“.

Ребека беше една од последните луѓе што го видела Лијам пред неговата смрт и видеото што го снимила во фоајето на хотелот е снимено во 16:26 часот по локално време, а веќе во 17:11 пристигнала брзата помош во хотелот, но за жал не можеле да го спасат.

Во ексклузивно интервју за MailOnline, Ребека рече:

- Влегов во хотелот и Лиам чекаше покрај лифтот и беше толку јасно дека сакаше некој да го препознае, имаше нешто малку очајно во него. Кога дојде лифтот, тој одеднаш ни рече: „Да, јас сум Лиам! Ајде, влезете во лифтот со мене“.

Рекла дека останала со другарките да го чека следниот лифт, а во лифтот заедно со Пејн влегле две девојки и маж кој го придружувал.

Ребека рекла дека во еден момент, пред да се затвори лифтот, Лијам на шега фатил една од девојките за врат и се преправал дека ја гуши.

Ребека додала дека десет минути подоцна пејачот се вратил во лобито, седнал на софата и го држел лаптопот во скутот.

Таа рече дека неговото однесување било чудно и вознемирувачко, а кога ја прочитал пораката што ја добил, целосно полудел.


- Одеднаш го зеде компјутерот, викна е*иго ова срање и почна да го удира компјутерот на подот. Сите, особено персоналот, беа навистина шокирани. Му пријдов и го прашав дали е добро, а тој само налутено ми рече дека е член на бој бенд и затоа останалсје*ан. Во меѓувреме уште многу пцуеше и потоа го зеде лаптопот и тргна кон лифтот. Откако замина, еден Британец во неговата придружба, кој мислам дека се викаше Роџер, дојде и се извини во негово име. Персоналот на хотелот се откачи и го гледаше многу нервозно. „Никогаш не сум земала кокаин, но Пејн се однесуваше токму онака како што замислувам дека некој ќе се однесува доколку земал дрога - тој не беше фокусиран, а зениците му беа раширени и се однесуваше агресивно“, рече Ребека.

Потоа по неколку минути се вратил во фоајето, се присетила таа.

Ребека рече:

- Повторно влезе и само се сопна и падна со лице. Персоналот дојде да му помогне и го вратија во лифтот и тогаш ја направив неговата последна фотографија. Набргу потоа пристигна полиција и најпрвин мислевме дека само ќе го исфрлат од хотелот, но кога вработените почнаа да трчаат наоколу како луди, одеднаш ја сфативме сериозноста на она што се случи и дознавме како паднал од балконот – рекла Ребека во исповедите за Дејли Мејл.

Фото: Youtube - screenshoot/„Х“