Пејачи, бодибилдери, менаџери, а сега и сопственик на винарија: Сите љубови на Северина

Добивај вести на Viber

Пејачката ја носи титулата „Кралица на веридбите“, бидејќи досега била свршена дури шест пати

Во последните неколку дена медиумите пишуваат за распадот на љубовта помеѓу Северина (48) и нејзиниот сопруг Игор Којиќ (33), но пишуваат и за наводната врска со винарот Томислав Воштиниќ (38),  за што тимот на пејачката негираше. Сепак, сè уште има шпекулации за наводната тајна романса што Северина и Томислав сакаат да ја сокријат од јавноста.

Пејачката зад себе има бурен љубовен живот, помлади, но и постари емотивни партнери со кои порано беше во врска, а бидејќи беше свршена шест пати, ја има титулата „кралица на веридбите“. Во оваа прилика ги претставуваме сите партнери на Северина.

Првото момче кое Северина не го криеше од јавноста е вокалистот на групата „Којоти“, Ален Марин. Имаа кратка и бурна врска на почетокот на 90-те. Марин ја побара за жена, но брзо потоа се разидоа без фама во медиумите. Несудениот сопруг на сплитската пејачка подоцна се ожени со актерката Горана Врдољак со која има ќерка.

Ален Марин 

Фото: Youtube/screenshoot

Сите се сеќаваат на нејзиното „домашно видео“. Во јавноста се појави летото 2004 година кога Северина беше верена со бизнисменот Среќко Варгек. По аферата, двојката ја прекина врската.

Следната година пејачката се заљуби во тогаш 26-годишниот бизнисмен Мате Чуљак. Заедно беа повеќе од една година, а во меѓувреме и се верија. „Се разделивме како пријатели, немаше трета личност во нашата врска“, изјави во тоа време Северина.

Летото 2008 година почна да се забавува со Славко Шаиновиќ, бизнисмен и поранешен келнер. И со него се вери. 

Медиумите пишуваа дека конечно го пронашла вистинскиот партнер, но по три години во нејзиниот живот се појави Милан Поповиќ во кој наводно се вљубила додека му пеела на роденденската забава. Со српскиот „крал на бакарот“, како што го нарекуваат медиумите, Северина се реализира и како мајка. 

Милан Поповиќ

Фото: Pixabay

Во ноември 2015 година се омажи за поранешниот фудбалер Игор Којиќ.

Нивната врска од почетокот беше проследена со доста скандали и шпекулации, а деновиве во медиумите се пишува дека нивниот брак е пред распад.

Игор Којиќ

Фото: Инстаграм

Деновиве во медиумите се „шушка“ за наводно новата врска на пејачката со винарот кој има 38 годипни, Томислав Воштиниќ.

Томислав Воштиниќ

Фото: Инстаграм


Фото: Инстаграм/severina

Можеби ќе ве интересира:

Со години не разговараат: Ова е родената сестра на Северина која ги мрази Србите