Пејачка предизвика скандал со само една фотографија

Добивај вести на Viber

Грчката пејачка Елени Фуреира која годинава ќе го претставува Кипар на Евровизија предизвика скандал во својата земја откако позираше на слика со претставникот на Албанија.

Елени објави фотографија на која вкрстила рацете со претставникот на Албанија, Евгент Бушпепа покажувајќи орел, националниот симбол на албанското знаме.

Фуреира по потекло е Албанка, а тоа со години го криеше од грчката јавност. Кога новинарите го откриле нејзиното потекло, таа во емисија на телевизијата Антена раскажала дека како мало девојче од Албанија отишла во Атина во потрага по подобар живот. Го променила името, а поради предрасуди и меѓудржавните спорови го криела своето потекло. Тогаш открила дека себе се смета за Гркинка, бидејќи Грција е земја која и дала „леб“ и и пружила безгрижно детство.

„На сликата ја гледате претставничката на Кипар, Албанка која пораснала благодарение на парите и гостопримството на Грците и нашата земја која и дала еднаквост со грчките деца, нивното образование и слобода….“- е само еден од коментарите кои може да се видат на интернет.

Потоа  Елени за грчки „Стар“ изјавила дека станува збор за симбол на земјата во која се родила и ништо повеќе од тоа.