Пејачката Сузан Бојл доживеала мозочен удар: Се појави на сцената која ја прослави и ги откри деталите

Добивај вести на Viber

Шкотската пејачка Сузан Бојл, која се прослави со учеството на натпреварот „Britain's Got Talent“, откри дека во април годинава доживеала мозочен удар. Тоа го изјавила кога се појавила во финалето на споменатата емисија, 14 години по победата.

Таа ја отпеа преубавата песна „I dreamed a dream“ која ја прослави.


За време на гостувањето таа откри и дека во април доживеала мозочен удар и дека се плаши дали воопшто ќе може да настапува откако ќе и се влошило здравјето.

- Одлично е чувството да се биде овде. Тоа е навистина посебно за мене бидејќи имав помал мозочен удар во април. Се борев да се вратам на сцената и успеав – изјави таа по настапот.

Сајмон Кауел, судија во шоуто, ѝ одгови:

- Сузан, ти должиме многу. Знаев дека не ти е добро, но ако некој се врати на оваа сцена, тоа ќе бидеш ти. Не би било исто без тебе.

Да потсетиме, Сузан Бојл се прослави во 2009 година со настапот во шоуто „Britain's Got Talent“. Таа ја отпеа песната „I Dreamed a Dream“ и собра повеќе од 2,5 милиони прегледи на YouTube за само 72 часа.

Сузан во споменатото натпреварување стигна до финалето каде го освои второто место. Во текот на кариерата заработила 22 милиони фунти, но не станала екстравагантна, туку продолжила да живее скромен живот. Таа сè уште живее во нејзиниот дом од детството во Западен Лотиан.


Фото:Youtube/screenshot