ПЕЈАЧОТ СО КУП ГРЕМИ НАГРАДИ: Кој ќе ги забавува гостите на свадбата на Хари и Меган?

Веројатно сте слушнале за Ед Ширан, симпатичниот пејач, кој неодамна ги освои сите музички награди, и секоја од неговите романтични балада песни станаа хит. И се шпекулира дека можеби ќе пее на венчавката на принцот Хари и Меган Маркел во мај!

Извори тврдат дека Хари и Меган го прашале пејачот на Греми, дали би сакал да отпее "неколку парчиња" на нивната свадба на 19-ти мај. Засега британскиот изведувач сè уште не ја коментира веста и не дава одговор на кралската двојка.


Пред неколку месеци, самиот Ед Ширан изјави дека ќе би пеел на кралската свадба.

"Тие не ме прашаа, но јас би пеел на оваа свадба, нема причина да го одбијам тоа".

"Сите постојано ме прашуваат за кралското семејство, како да ги знам. Го сретнав принцот Хари еднаш во 2011 година и само си разменивме неколку зборови", вели Ширан.

Тоа нема да биде преседан ако Хари и Меган имаат таков познат пејач на нивната венчавка. На свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пееше популарната пејачка Ели Голдинг.